Top Sport

Кикс на Сити во шампионската трка

Во четврток, играчите на Манчестер Сити одиграа нерешено 0:0 со Сандерленд како гости на „Стадионот на светлината“. По овок кикс екипата на Пеп Гвардиола заостанува за четири поени, во однос на лидерот Арсенал.

Нерешениот резултат ја прекина серијата од шест победи на Сити во Премиер лигата. „Црните мачки“ продолжуваат со импресивни игри на домашен терен – тие се непоразени во 10 натпревари на својот стадион (пет победи и едно реми).

Ова беше првиот бод за Сандерленд по осум натпревари со Сити во Премиер лигата. Мала утеха за „Граѓаните“ е што не загубиле од 2012 година во нивниот прв натпревар во новата календарска година.

Манчестер Сити, но предизвик го очекува веќе в недела. Во дербито на колото, екипата на Гвардиола ќе се сретне со Челзи. Што се однесува до Сандерленд, тие гостуваат кај Тотенхем во главниот град, исто така во недела.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');