Селекторот на Велс, Крег Белами, привлекува интерес од клубовите, но извршниот директор на Фудбалската асоцијација на Велс, Ноел Мун, денес изјави дека се надева дека тој ќе остане до Европското првенство во 2028.
Белами (46), потпиша четиригодишен договор во јули 2024 година. Предводен од Белами, Велс стигна до највисокото ниво на Лигата на нации, а во март ќе играат во плејофот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
„Постои интерес за Крег. Каде и да одам, го слушам тоа поради начинот на кој игра фудбал. Да бев извршен директор на клуб и да сакав да играм добар фудбал, искрено би го разгледал бидејќи е добар тренер и има одличен тим околу себе“, изјави Муни за Би-Би-Си.
„Природно е дека ќе има интерес во иднина, ние сме целосно подготвени за тоа“, додаде тој.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер Сити одигра 78 натпревари за Велс, постигнувајќи 19 гола, но никогаш не ја претставуваше својата земја на голем турнир.
Велс ќе биде ко-домаќин на Европското првенство во 2028 година заедно со Англија, Шкотска и Република Ирска.
„Би сакале тој да остане и да го води тимот на Европското првенство. Тој е навистина ентузијаст околу тоа. Сепак, ние живееме во реалниот свет. Ако некој му понуди работа, Реал Мадрид, Барселона или Ливерпул, сосема е природно дека би бил заинтересиран“, рече Муни.
„Тој е конкурентен, го достигна самиот врв на играта на теренот и секако дека ќе сака да го прави тоа и надвор од теренот. Ако тимот игра како што играше против Македонија (7:1), тогаш би бил изненаден ако не биде забележан од клубовите кои сакаат да играат добар фудбал и да бидат предводени од одличен млад тренер“, заклучи тој.
Foto/ EPA/DIMITRIS LEGAKIS
