Top Sport

(Видео) Вулверхемптон во 20-то коло ја забележаа првата сезонска победа

Вуллверхемптон ја прекинаа најлошата низа во историјата на Премиер лигата. Во 20-то коло, ја забележаа првата победа во сезоната. Вулфс го победија Вест Хем со 3:0.

Вулверхемптон ги решија „чеканите“ за едно полувреме. Победата ја најави Андраде по само четири минути игра, а по половина час Хванг зголеми на 2:0. Точка на победата, со првиот гол во сениорската кариера, стави 18-годишниот Мане.

Овој млад фудбалер го обележа натпреварот, бидејќи асистираше за првиот гол и избори пенал.

Брајтон лесно се справи со Барнли. По еден гол во првото и второто полувреме беа доволни за триумф 2:0. Рутер погоди во 29-та, а Ајви во 47-та минута.

Важно е да се спомене и дека во 80-та минута на теренот влезе Џејмс Милнер за кого ова беше 649-ти натпревар во Премиер лигата. Милнер е на четири натпревари од израмнување на рекордот на Гарет Бери и на пет од тоа да стане рекордер на Премиер лигата на сите времиња за најмногу одиграни натпревари.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');