Top Sport

Ѓоковиќ: Жена ми и родителите ме тераа да се пензионирам во 2016

Новак Ѓоковиќ оваа сезона имаше апсолутно неверојатен кам-бек на големата тениска сцена, нешто што беше незамисливо по шокантниот пад на формата во 2016 и 2017 година.

По освојувањето на Ролан Гарос во 2016, со што ја комплетираше гренд слем колекцијата следуваше пад во форма, повреди, шпекулации за неговиот личен живот… Сега, тој вели дека неговата сопруга Јелена и неговите родители му советувале да направи пауза од тенисот и да се пензионира.

„Секогаш сум ја имал поддршката од моите родители и од мојата сопруга. Но, тие инсистира да престанам со тенисот по Франција во 2016. На крајот, тие одлуки ги правам сам. Паузирав во 2017, но тоа беше поради повредата на лактот која ме мачеше две години“, вели Ѓоковиќ.

По Париз 2016, тој реши да оди и на Олимпијадата во Рио во 2016 година, каде што беше поразен во првото коло од Хуан Мартин дел Потро, а потоа играше и на САД опен, каде што загуби во финалето.

„Олимпијадата беше вистинска лекција за мене, бидејќи најверојатно требаше да ја завршам сезоната пред тоа. Но, играв таму, па играв на САД опен, каде што ги загубив последните атоми сила и бев готов“, објаснува Србинот.

Scroll to Top