Top Sport

Куртоа демантира дека се „плаши“ од Мурињо и Конте

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги демантираше вестите дека дал изјава во која стравува дека неговиот клуб ќе го ангажира Антонио Конте или Жозе Мурињо за тренер.

Куртоа играше под Мурињо и Конте во Челси, а двајцата се поврзувани со доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ по катастрофалниот старт на сезоната на Хулен Лопетеги.

Во весникот „Ел паис“ се појави вест дека белгискиот голман на своите соиграчи им кажал дека „не може да верува“ дека тие двајца се поврзувани со Реал Мадрид и дека не е подготвен повторно да игра со нив. Белгискиот голман вели дека тоа не е вистина.

„Ги демантирам вестите објавени во Ел Паис околу мојата изјава. Тука се вклучени лаги кои ме повредуваат како професионалец и барам повлекување на веста или ќе побарам легална помош против весникот“, напиша Куртоа на Твитер.

Куртоа ја освои титулата од Премиер лигата со Конте и Мурињо, но се врати во Мадрид поради наводната желба да биде поблиску до своето семејство.

Scroll to Top