Тренерката „Најки“ што ја носеше венецуелскиот претседател Николас Мадуро во моментот кога беше уапсен од американските војници привлече огромно внимание на јавноста, откако корисниците на социјалните мрежи забележаа дека изгледа речиси идентично со спортската облека на фудбалскиот клуб Мајорка.
Мадуро се појави во јавноста во сива тренерка со црни детали, што веднаш ги потсети навивачите на дресот на Мајорка.
Разликата е во тоа што верзијата на Мајорка го има грбот на клубот извезен на градите, додека остатокот од дизајнот е практично идентичен со оној што го носеше венецуелскиот претседател.
Станува збор за тренерка „Најки“ направена од рециклирани материјали. Горниот дел се продава за 99,99 евра, додека долниот чини 55,99 евра, што значи дека комплетот чини 155,98 евра.
Поради огромното медиумско внимание и виралноста на фотографиите, тренерката се распродаде на официјалната веб-страница на „Најки“ за само неколку часа. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за необичната врска помеѓу Мадуро и фудбалерите на Мајорка.
Foto: X
