Top Sport

Конор Галагер во Тотенхем

Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.

Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.

Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.

Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.

„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.

Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');