Алваро Арбелоа не се прослави на своето деби на клупата на Реал Мадрид. Великанот беше елиминиран од Албасете во осминафиналето на Купот, но младиот тренер се чини дека е подготвен да му понуди на тимот нешто ново додека ја извршува функцијата привремен тренер.
Арбелоа, според „Марка“, сака да ги смири страстите во соблекувалната и ќе го послуша она што го бара Федерико Валверде.
Имено, Уругваецот јасно кажал дека не сака да игра како десен бек, туку да дејствува исклучиво како играч од средниот ред, позиција на која игра во клубот и репрезентацијата.
Валверде, истакнува „Марка“, често им се жалел на челниците на клубот затоа што Карло Анчелоти и Чаби Алонсо го принудувале да игра на позицијата десен бек, а со Арбелоа таа опција повеќе не би требало да биде релевантна.
Реал има двајца докажани десни бекови: Дани Карвахал и Трент Александер-Арнолд, но проблемот е што тие често се надвор од теренот поради повреди.
„Кога не се подготвени или кога никој од нив не може да игра, Арбелоа ќе бара десен бек во младиот тим на Реал“, тврди „Марка“.
Foto/ depositphotos
