Top Sport

Флик разочаран, голем талент ја напушта Барселона

Педро „Дро“ Фернандез, 18-годишниот талент на Барселона, наскоро ќе го напушти клубот, откако ќе биде активирана откупната клаузула во износ од шест милиони евра.

Тинејџерот, кој има понуди од неколку водечки европски клубови, го информирал тренерот Ханси Флик за својата одлука, што предизвика силна реакција од германскиот стручњак, пишува „Спорт“.

Според овој извор, Флик не ја примил добро веста. Тренерот наводно бил особено вознемирен бидејќи губи играч кого го смета за клучен за иднината на клубот, кој потекнува од Ла Масија и веќе има неколку настапи под негово водство.

Со оглед на тоа што заминувањето на Фернандез се очекува во рок од неколку дена, Флик одлучил дека играчот повеќе нема да тренира со првиот тим.

Оваа одлука е донесена со цел да се избегнат евентуални повреди, но и поради ставот дека играчот повеќе не е целосно фокусиран на работата со тимот. Реакцијата на Флик е разбирлива со оглед на довербата што ја покажа во 18-годишникот.

Тренерот го сметаше Фернандез за еден од играчите на кои им обрнуваше посебно внимание, а веста за неговото заминување длабоко го погоди. Неговото разочарување беше толку големо што наводно им кажал на луѓето од неговиот близок круг дека годоживеал „најголемото разочарување во својот живот“.

Инаку „Спорт“, тврди дека Дро кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски првак, ПСЖ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');