Top Sport

(Видео) Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Сенегал го освои Африканскиот куп на нации. Во финалето, го победија домаќинот на натпреварувањето, Мароко, со 1:0 по неверојатна драма обележана со контроверзни судиски одлуки, а голот за освојување на африканската титула го постигна Папе Геје во 94-та минута. Кон крајот на регуларното време, натпреварот беше прекинат во целосен хаос откако селекторот на Сенегал, Папе Тиау, ги повлече своите играчи од теренот.

Одлуката дојде откако на Мароко му беше досуден контроверзен пенал во 97-та минута, кој го промаши Брахим Дијаз. Потоа Сенегал постигна гол во првото продолжение што му ја донесе титулата.

Пред тоа, Сенегалците мислеа дека го постигнале гол за победа во 93-та минута. Откако ударот со глава на Сек ја погоди стативата, Исмаила Сар ја смести одбиената топка во голот.

Сепак, судијата Жан-Жак Ндала од ДР Конго веќе го прекина натпреварот, досудувајќи му прекршок на Сек врз Хакими. Клупата на Сенегал реагираше бурно. Бидејќи судијата го означи прекршокот пред топката да влезе во голот. Во таква ситуација ВАР не може да се вклучи.

Само неколку моменти подоцна, судијата беше повикан од ВАР судијата, да прегледа ситуација во шестаесетникот на Сенегал. Во 99-тата минута, откако ја прегледа снимката, досуди пенал за Мароко за држењето на Сек врз Брахим Дијаз. После тоа, Сенегалеците го напуштија теренот.

По речиси 20 минути прекин, Сенегалеците се вратија на теренот. Брахим Дијаз ја зеде топката изведе „паненка“, но Едуар Менди го прочита и ја фати топката во рацете. Тоа беше последниот удар од регуларниот дел од играта.

Инцидентите од натпреварот се пренесоа и на прес-конференцијата. Иако помина повеќе од еден час од крајот на финалето и церемонијата на доделување на трофејот и почетокот на прес-конференцијата, тензиите не стивнаа.

Кога Папе Тиау влезе во прес-салата за да одржи прес-конференција, мароканските новинари го поздравија со свирежи и скандирања и му порачаа да замине.

Тие се осврнуваа на она што им го наредил на играчите пред да го напуштат теренот. Сенегалските новинари одговорија на ова со аплаузи и гласна поддршка за селекторот.

Набрзо новинарите вербално се пресметаа, а потоа мароканските новинари објавија дека ќе ја бојкотираат прес-конференцијата на сенегалскиот тренер и се упатија кон излезот од салата. Тиау реагираше и неа збор замина од прес салата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');