Top Sport

(Видео) Менди: Навистина мислите дека Дијаз намерно го промаши пеналот? Бидете сериозени

Брахим Дијаз, играч на Реал Мадрид и репрезентацијата на Мароко е трагичар на годината. Промаши пенал, во 90+23.минута, во финалето на Африканскиот куп, а Мароко остана без титулата, на која чекаше 50 години.

Бурно беше финалето на Африканскиот куп. Поништен гол, неоправдано, на Сенегал во 93-та минута, а потоа ВАР пенал, многу сомнителен, во 99-та минута за Мароко. Сенегалците, на повик на селекторот, незадоволни од судењето, го напуштија теренот.

Не се повлече само Садио Мане, кој ги врати соиграчите на теренот, а останатото е историја.

По мечот, многумина тврдеа дека во духот на фер-плејот, Брахим Дијаз намерно го промашил пеналот. За потсетување, Дијаз се обиде со „паненка“, но голманот Менди го прочита, остана на гол линијата и лесно ја прифати топката.

„Дали Брахим намерно го промаши пеналот? Не, секако дека не! Ве молам, бидете сериозни! Дали навистина мислите дека на крајот од финалето, напаѓачот на репрезентацијата што 50 години чека титула сака да промаши и дека можевме да се договориме во таква ситуација? Тој сакаше да постигне гол и јас заслужувам признание затоа што одбранив и тоа е сè“, рече Менди и додаде:

„Пред секој пенал за противниците, разговарам со Садио Мане. Нема да ви кажам што ми кажа. Најважно е да го донесеме трофејот дома и да што направиме милиони Сенегалци да бидат среќни. Сè се случи во ова финале. Знаевме дека сме на непријателска територија. Мароко чекаше 50 години за трофејот и сè отидше во нивна корист. Ние ја имавме само топката и нашето знаење и на крајот победивме.“

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');