Top Sport

Сити го официјализира трансферот на Марк Геи

Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити.

Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул.

Геи потпиша договор со Манчестер Сити до летото 2031 година.

Дефанзивецот е второто засилување на „Граѓаните“ во јануари, по Антонан Семењо, кој веќе дебитираше за тимот на Пеп Гвардиола.

Сити плати 20 милиони фунти за овој трансфер, а договорот вклучува и клаузула за процент на следната продажба. За Кристал Палас, ова е одлична зделка бидејќи Геи по завршувањето на сеозната ќе го напуштеше клубот како слободен играч.

Разликата во понудата на Сити во споредба со Ливерпул и Баерн, кои исто така беа заинтересирани, се чини дека е неделната плата што Геи ќе ја има во Сити, 300.000 фунти. Што би значело дека Сити подготвил 1,3 милиони месечно или 15,6 милиони фунти годишно.

Талентираниот дефанзивец одигра 188 натпревари за Кристал Палас, постигна 11 голови и го освои ФА Купот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');