Top Sport

(Видео) Историско остварување на Микаела Шифрин

Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом.

Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина.

Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата на Светскиот куп, во машка и женска конкуренција, со девет титули во една дисциплина во текот на повеќе од 60 години од натпреварувањето. Претходниот рекорд го држеше Американката Линдзи Вон, која беше најдобра во спуст осум пати.

Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:37,59 минути. Ова беше нејзина седма победа во осум трки во слалом оваа сезона, што дополнително зборува за континуитетот на нејзината форма и исклучителна стабилност.

Во Шпиндлеров Млин ја забелажа 71 победа во слалом, а има рекордни 108 победи во Светскиот куп.

Второто место на денешната трка го зазеде Швајцарката Камила Раст, која заостануваше 1,67 секунди, додека третата беше Германката Ема Ајхер со време 2,18 секунди побавно од победничката.

Во генералниот пласман на слалом, Шифрин убедливо води со 780 поени, пред Раст, која има 492, додека третата е Швајцарката Венди Холденер со 358 поени.

Кога станува збор за генералниот пласман на Светскиот куп, Американката е исто така во водство со 1.133 поени, пред Раст (963) и Ајхер (684).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');