Top Sport

Најбогатата тенисерка во историјата ја елиминира шампионката на Австралија Опен

Актуелната шампионка на Австралија Опен, Медисон Кис, го заврши својот настап на првиот гренд слем во сезоната. Во осминафиналето, Кис, деветта на ВТА листата, беше поразена од сонародничката Џесика Пегула, шеста во светот, со 6:3, 6:4. Кис ја заврши одбраната на својот прв трофеј од Гренд слем по 79 минути. Ова значи дека поради раната елиминација, таа ќе испадне од Топ 10 во светот.

Пегула го отвори мечот со брејк за големо водство од 3:0, но Кис направи голем пресврт и поведе со 4:3. Сепак, Пегула најде сила за нов пресврт и освојување на првиот сет. Во вториот сет, Пегула, со два брејка стекна предност 4:1, но Кис успеа да се врати со три последовни гема, но не успеа да направи целосен пресврт.

Пегула се пласираше во четвртфиналето, каде што ја чека Аманда Асимов.

Во својата кариера, Пегула има заработено речиси 22 милиони долари од турнириските награди. Сепак, ова е ситиница во споредба со она што таа и нејзините четири браќа и сестри ќе го наследат. Тенисерката е ќерка на Тери Пегула, чие богатство се проценува на над 7,5 милијарди долари.

Тој го стекна своето богатство преку бизнис со природен гас и недвижности. Тој е сопственик на Бафало Билс, франшиза на НФЛ што ја купи во 2014 година. Покрај тоа, тој е и сопственик на хокеарскиот тим Бафало Сејберс.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');