Top Sport

Бундес лига: Херта освои бод во Дортмунд, Баерн победи во Мајнц (Видео)

Успешно попладне имаа екипите кои гостуваа во натпреварите од деветтото коло во Бундес лигата. На четирите натпревари на домашните тимови им препуштија само еден бод.

Победи забележаа Аугсбург во Хановер, Волфсбург во Диселдорф, Баерн во Мајнц, додека првопласираната Борусија во Дортмунд освои бод против Херта.

Борусија Дортмунд и по ова коло ќе остане на челната позиција на табелата, меѓутоа ќе има само два бода повеќе од Баерн и Борусија Менхенгладбах. Шанса да се доближи на бод до лидерот ќе има Вердер доколку утре слави во дуелот со Баер Леверкузен.

Во Дортмуд гостуваше Херта од Берлин која успеа да одигра 2:2. По два гола за своите екипи постигнаа англискиот тинејџер Санчо и искусниот Саломон Калу. Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска ги постави конечните 2:2, во 91.минута откако успешно реализираше пенал.

Актуелниот шампион Баерн повторно не блескаше, но успеа да победи во Мајнц. Баерн победи со 2.1, а стрелци на головите за победа беа Леон Горецка во првото и Тијаго Алкантара во второто полувреме.

Кедира и Финбогасон ги постигнаа головите за Аугсбург на гостувањето во Хановер. Аугсбург победи 2.1, а единствениот гол за домашниот тим го постигна Бебу.

Волфсбург лесно и убедливо победи во Диселдорф. Веркхорст, Брекало и Гинцек ги постигнаа головите во победата 3:0.

Scroll to Top