Ливерпул, Вотфорд и Борнмут забележаа убедливи победи во првите натпревари од саботната програма, во Премиер лигата. Во 10.коло, победи и Брајтон со минимален резултат против Вулвархемптон, додека Саутемптон и Њукасл одиграа без голови. Њукасл и по 10.коло нема победа.
Ливерпул ја запиша осмата победа од почетокот на сезоната. Во лесен ритам „црвените“ го совладаа Кардиф со 4:1. Салах ја отвори серијата, ја продолжи Мане, потоа Питерсон намали на 2:1, екипата од Велс ја нокаутираа Шаќири и Мане со својот втор гол.
Вотфорд за девет минути го нокаутира Хадерсфилд. Переира во 10. и Деулофеу во 19.минута погодија за 2:0, а Саксес во 80.минута само ја потврдија победата.
Фулам веќе четири кола не знае за победа, а седмиот пораз го доживеа на својот „Крејвен Котиџ“ од Борнмут. Вилсон од пенал и Брукс ја најавија победата на Борнмут, која ја запечати Вилсон со својот втор гол во 85.минута.
Голот на Мари во 48.минута го реши победникот во Брајтон каде гостуваше Вулверхемптон.