Top Sport

Баерн го губи трпението со Упамекано

Челниците на Баерн Минхен го губат трпението со Дајот Упамекано, бидејќи се уште не одговорил на понудата за новиот договор.

„Билд“, тврди дека Баерн му поставил ултиматум на Упамекано и неговите менаџери, до средината на февруари да одлучат дали ќе ја прифатат понудата или не.

Инаку, актуелниот договор на Упамекано истекува по завршувањето на сезоната.

Се веруваше дека сè што е поврзано со новиот договор на важниот дефанзивец е финализирано на почетокот на јануари и дека неговото потпишување е само прашање на време.

Сепак, во последните недели, клубот е иритиран од неодлучноста на играчот и неговите менаџери, кои се уште не одоговриле на понудата.

Деталите за новиот договор на Упамекан, кој треба да биде продолжен до 2030 или 2031 година, веќе протекоа во медиумите. На Французинот му е понудено значително зголемување на платата, која треба да изнесува околу 20 милиони евра бруто по сезона, одличен финансиски бонус за продолжување на договорот и откупна клаузула од 65 милиони евра, со важност од 2027 година, на што неговите агенти најмногу инсистираа.

Баерн нема намера да ја подобри својата понуда, а спортскиот директор Макс Еберл зазема цврст став по ова прашање. Тој има и поддршка од надзорниот одбор на клубот.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');