Top Sport

Еден милион денари од Општина Битола за подготовките на Рустемовски за Олимпијадата

Двајца спортисти од Битола добија признанија на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“ што се одржа синоќа.

Боксерите од Битола – Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија.

„Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“, вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Тој најави дека со 1 милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи Рустемовски на неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.

По 71-ви пат беа доделени спортските награди на најдобрите спортисти, тренери и тимови од Македонија за 2025 година, а беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“. Настанот го организираа Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');