Шпанецот Маверик Вињалес го искористи откажувањето на светскиот шампион Марк Маркез за да ја прекине најдолгата низа без победи за Јамаха во историјата на Мото ГП шампионатот, со победа на Австралиското ГП во Филип Ајленд.
23-годишниот Вињалес стигна до првата победа за јапонскиот тим по 26 трки (од минатогодишната трка во Асен), оставајќи го Андреа Јаноне зад себе во последните кругови. Јаноне заврши 1.543 секунди зад него за второ место за Сузуки, додека трет беше уште еден Италијанец, Андреа Довициозо со Дукати.
„Чувството е фантастично, посебно бидејќи ова беше многу тешка година за мене. Не ми се верува дека победивме. Мотоциклот беше совршен, а кога ја поминав целта имав солзи во очите“, призна Вињалес.
A major incident with Johann Zarco ended the #AustralianGP hopes of @marcmarquez93 early in what was the major talking point out of what was an action-packed day at Phillip Island. #MotoGP pic.twitter.com/1M8VJJh2tP
— #TENmotorsport (@TENmotorsport) October 28, 2018
Маркез, кој ја запечати својата петта Мото ГП титула на три трки пред крајот на шампионатот во Јапонија минатиот викенд, стартуваше на пол-позицијата, но трката му заврши по само 5 круга од трката. Јохан Зарко со својата Тех 3 Јамаха го „закачи“ Шпанецот на првата кривина и иако тој го избегна незгодното излетување без повреди, оштетувањето на мотоциклот на Маркез значеше крај на трката.
Вињалес падна од второто на 10. место во првиот круг, но се врати на првото место за да го зголеми водството и да стигне до својата петта победа во Мото ГП. Неговиот колега, Валентино Роси, најголемиот кандидат за второто место во генерален пласман на Довициозо, беше шести зад Алваро Баутиста, кој го заменуваше Хорхе Лоренцо за Дукати во трката и Алекс Ринс во Сузуки.
До крајот на сезоната има две трки во Малезија и Валенсија и Роси има 15 поени заостанување зад Довициозо.
Фото: ЕПА