Сан Антонио Спарс ги победија Далас Маверикс со 138:125 во текот на изминатата ноќ.
Спарс го добија дербито на Тексас против Далас, благодарение на „ненормалната“ игра на Стефон Касл, кој го заврши натпреварот со трипл-дабл од 40 поени, 12 скока, 12 асистенции и имаше дури 79 отсто шут од поле, односно 15/19.
Единствениот играч кој имал 19 шутеви и над 75 проценти успех пред Касл е легендарниот Вилт Чемберлен.
Касл е најмладиот играч што некогаш забележал трипл-дабл со 40-12-12 и единствениот играч во историјата што го сторил тоа за помалку од 38 минути, против Далас одигра 32 минути.
Исто така, никој во историјата на Спарс никогаш не забележал трипл-дабл со 40 поени, а кога на статистиката ќе и се додадат и трите украдени топки, добиваме информација дека само Лари Берд и Лука Дончиќ одиграле ваков натпревар.
