Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ја презема вината за лошите резултати. Њукасл, во Премиер лигата е во серија од три порази. Вчера, во судиското надополнување на времето, Њукасл загуби дома од Брентфорд со 2:3.
„Ова е мојата сурова реалност. Мислам дека морам сериозно да размислам… Не за мојата посветеност, бидејќи немам причина да се сомневам во мојот труд, но мислам дека морам подобро да си ја работам работата“, рече Хау, кој – ако не добие отказ, се соочува со четири тешки гостувања по ред пред да се врати на „Сент Џејмс Парк“ на 24 февруари.
„Морам да дадам повеќе. Морам да преземам одговорност за сè што правиме на теренот и да најдам решенија за проблемите со кои се соочуваме. Тоа, пред сè, е мојата работа.“
Потоа се сврте кон играчите кои во моментов имаат повеќе порази отколку победи во лигашките натпревари и кои, само на хартија, треба да бидат фаворити во плеј-офот во Лигата на шампионите со Карабаг.
„Морам да ги замолам да бидат искрени кон себеси, да погледнат кој е нивниот максимум и да проценат како играат во моментов, во овој момент, наспроти тоа ниво. И не мислам дека има многу од нив кои можат да кажат дека играат блиску до својот максимум во моментов“, рече Хау и се обиде да остане позитивен на крајот:
„Тоа, според мене, ни дава простор да растеме и напредуваме.“
Еди Хаум во Њукасл пристигна пред 1.553 дена, во 212 натпревари има скор од 108 победи, 41 нерешени и 63 порази.
Foto/ depositphotos
