Top Sport

Леброн со 35 поени, Лејкерси со нов пораз (видео)

Леброн Џејмс имаше 35 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно Лос Анџелес лејкерс да избегнат втор пораз за помалку од една недела на гости кај Сан Антонио спарс, кои победија со 110:106.

Демар Дерозан заврши со 30 поени, 12 скока и 8 асистенции за да ги предводи Спарси до победа, додека Руди Геј имаше 16 поени и 10 скока.

Леброн пак, може да се утеши што сега го помина Дирк Новицки на шестото место на вечната листа на НБА стрелци со 31.202 поени, и сега ако продолжи вака бргу достижен е и петопласираниот Вилт Чембрлен со 31.419 поени.

Милвоки бакс првпат од 1971/72 имаат 6-0 старт на сезоната, откако Јанис Антекумбо ги предводеше бакси со 21 поени и 7 скока за само 19 минути за убедлива 113:91 победа над Орландо меџик. За потсетување, тимот од 1971/72 беше предводен од легендарните Карим Абдул-Џабар и Оскар Робертсон и имаше седум победи во низа.

Бакси го пречекуваат единствениот друг непоразен тим во НБА оваа сезона, Торонто (6-0) во понеделник навечер.

Од другата страна, Кливленд кавс го забележија шестиот пораз во исто толку натпревари, откако загубија со 119:107 на гостувањето кај Индијана пејсерс. Виктор Оладипо имаше 24 поени, Богдан Богдановиќ имаше 25 за првпат оваа сезона Индијана да победи двапати во низа.

Кавс го имаат најслабиот старт на сезоната по 0-7 од 1995 година.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Бостон 89:109

Њу Орлеанс – Јута 111:132

Атланта – Чикаго 85:97

Кливленд – Индијана 107:119

Филаделфија – Шарлот 105:103

Мемфис – Феникс 117:96

Мајами – Портланд 120:111

Милвоки – Орландо 113:91

Сан Антонио – ЛА Лејкерс 110:106

Scroll to Top