Реал Мадрид славеше на „Местаља“ во недела навечер со голотвите на Карерас и Мбапе и го задржа чекорот со Барселона. Наместо за триумфот, по натпреварот се зборува за капитенот на тимот, Дани Карвахал.
Иако целосно се опорави од повредата, капитенот не добива минути на теренот од тренерот Алваро Арбелоа. Според шпанските медиуми, Арбелоа и Карвахал едвај комуницираат.
Имено, по победата над Валенсија, Карвахал разговарал на теренот со новиот кондициски тренер, Антонио Пинтус. Иако деталите од разговорот не се познати, Карвахал бил видливо вознемирен од фактот што не играл, и наводно бил изненаден кога, при водство на Реал од 1:0, шанса доби Трент Александер-Арнолд, кој ги одигра своите први минути од почетокот на декември.
📻‼️ Estas son las imágenes a las que hace referencia @antonmeana en el #CarruselCanalla
👀🩹 @javiherraez: "El cuerpo técnico ve que CARVAJAL tiene el alta FÍSICA, pero no el alta COMPETITIVA"
📹📍 Grabado por @GuillermoRai_ desde Mestallapic.twitter.com/sh4BgvbZPJ
— Carrusel Deportivo (@carrusel) February 8, 2026
„Она што го гледам е дека тој се подобрува од ден на ден. Нема потреба да објаснуваме колку е важен за нас. Тој е референца за сите нас во Реал“, рече Арбелоа по натпреварот.
Треба да се додаде дека Арбелоа го турна во оган Давид Хименез, од младиот тим на Реал, во Валенсија, кого го познава од Кастиља, а кој неодамна доби шанса во поразот од Албасете.
Се шпекулира дека Арбелоа не сака ништо да остави на случајот, дека Карвахал е физички подготвен, но сè уште не е на потребното ниво по паузата поради повредата.
Карвахал е во последната година од договорот, сè уште не е познато дали ќе добие нов, а исто така е јасно дека по ваквите несогласувања, реално е тој да замине од клубот.
Foto/ depositphotos
