Top Sport

Раул Гонзалес го презема Партизан

Раул Гонзалез, селектор на ракометната репрезентација на Србија, ќе стане тренер на Партизан на крајот од сезоната, дознава „Моцарт спорт“.

„Црно-белите“ ќе се разделат со Ѓорѓе Чирковиќ по три сезони, а него ќе го наследи шпанскиот стручњак.

Европскиот првак со Вардар и поранешен селектор на Македонија, според овој извор договорил двегодишна соработка со Партизан, односно до 2028 година, до кога има и договор со Ракометниот сојуз на Србија.

Непосредно пред оваа информација, Партизан објави дека ќе се раздели со Ѓорѓе Чирковиќ.

Фото/ архива Топспорт

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');