Top Sport

Двократен светски шампион загина во страшна несреќа

Трагична вест од Франција го потресе светото на екстремните спортови. Пјер Волник (37), еден од најдобрите „wingsuit“ спортисти на денешницата, почина за време на скок од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите.

Според достапните информации, падобранот на Волник не се отворил за време на летот, поради што тој удрил на земјата со голема брзина во областа Бозон. Итните служби брзо пристигнале на местото на несреќата, но само можеле да ка констатираат смртта.

Волник беше двократен светски шампион во „wingsuit“, ги освои титулите во 2022 и 2024 година, а оваа сезона се сметаше за главен фаворит за новата светска круна. Тој се смета за еден од најталентираните и најискусните натпреварувачи во овој исклучително опасен спорт.

Од него се прости и претседателот на Француската федерација за падобранство, Ив-Мари Гијо, кој го опиша како врвен спортист, исклучителен професионалец и личност „која секогаш зрачеше со позитивна енергија“.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а смртта на Пјер Волник остави длабок белег во заедницата на екстремни спортови ширум светот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');