Џејмс Милнер го израмни рекордот на Гарет Бери за најмногу настапи во Премиер лигата.
На натпреварот што Брајтон го одигра на гости против Астон Вила, Милнер влезе во игра во 22-та минута наместо Карлос Балеба, кој беше видливо нервозен, а веќе имаше жолт картон од втората минута.
Поранешниот англиски репрезентативец со 40 години и 38 дена го израмни историскиот рекорд што го држи Бери од 2018 година. Тој го одигра 653-ти натпревар во Премиер лигата.
Во најсилната лига во светот, Милнер одигра најмногу натпревари за Ливерпул – 230, потоа за Манчестер Сити 147, Астон Вила – 100, Њукасл – 94, Лидс – 48. Досега има одиграно 33 натпревари за Брајтон.
Џејмс Милнер освои три титули во Премиер лигата, два ФА купа, една Лига на шампиони, едно Светско клупско првенство, еден Суперкуп на УЕФА, еден Интертот куп, два Лига купа и два Комјунити шилд трофеи.
Foto/ depositphotos
