Францускиот кошаркар Матијас Лесор реагираше бурно по поразот на Панатинаикос во последната секунда од дербито против Фенербахче.
Лесор кој долго време не игра поради повреда, го следеше натпреварот во „цивилна облека“, влезе во вербален дуел со Вејн Болдвин, неколку секунди откако Американецот со звукот на сирената погоди за победа на Фенер во Атина 85:83.
По победничкиот кош и прославата со соиграчите, херојот на Фенер застана на центарот на теренот, за да додаде „сол на раната на домаќинот“, ги прекрсти рацете и пркосно погледна во правец на навивачите на атинскиот клуб.
Токму неговиот гест доведе до бурна реакција од Лесор.
Французинот се стрча од клупата и се нафрли врз Болдвин. Лесор го турна Американецот со двете раце и го фрли наназад.
Тој сакаше и физички да се пресмета, но понатамошна ескалација прво спречи Тарик Биберовиќ, а потоа и другите играчи на двата тима.
Foto/ depositphotos
Mathias Lessort moved AGGRESSIVELY toward Fenerbahce players after Wade Baldwin's buzzer beater
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 13, 2026
