Според финскиот весник „Илта-Саномат“, легендата на скијачките скокови, Јане Ахонен реши да стави крај на (пре)долгата успешна кариера, но сигурно ќе остане во спортот.
„Никогаш нема да се откажам од скијачките скокови и ќе продолжам да скокам кога ми се сака. Меѓутоа, нема да се натпреварувам повеќе“, вели 41-годишниот Финец, кој се пензионираше во и 2008 и 2011, но повторно се врати на Светскиот куп.
Ова значи дека последното натпреварување на „летечкиот Финец“ беше март 2018, 25 години по неговото деби во декември 1992 година. Тогаш тој заврши на 37. место.
Во неверојатната кариера, Финецот настапи во 412 натпреварувања од Светскиот куп, беше на подиумот 108 пати, а 36 пати победи (последен пат во Куопио во 2008 година). Покрај тоа, Ахонен имаше 12 медали на големите натпреварувања (СП и Олимпијади) и е единствениот скокач кој пет пати победи на новогодишната турнеја „4 Скокалници“.
Фото: ЕПА