Американскиот кошаркар Ентони Едвардс очигледно имаше што да докаже за време на Ол-стар натпреварот. Бекот на Минесота ја доби МВП наградата.
Тимот на Едвардс го освои овогодинешниот Ол-стар натпревар, а на патот до титулата, добија тим од најдобрите интернационалци и тим од најдобрите ветерани од НБА.
На прашањето по натпреварот која победа ја претпочита, тој имаше јасен одговор.
„Повеќе уживав во победата над Тим Свет. Велат дека најдобрите играчи на светот се таму… Да ги победиш најдобрите играчи на светот е најдоброто чувство на светот“, рече Едвардс со насмевка.
А претходно, откако ја доби наградата за најкорисен играч „Коби Брајант“, ги спомена Дочиќ и Јокиќ, кои беа сосема незаинтересирани за Ол-стар натпреварот.
„Немам никакви забелешки против Лука и Јокиќ… Сепак, тие се двајца од најдобрите играчи во лигата и не се обидуваат да играат на Ол-стар натпреварот“, рече Едвардс.
Foto/ EPA
"Beating them is the best feeling in the world." 😂
Ant didn't hold back on his feelings about beating Team World 😅 pic.twitter.com/aCXgFiwvXk
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) February 16, 2026
