Легендата на Рома, Франческо Тоти, потврди дека е во преговори за враќање на Олимпико, во улога на директор. Клаудио Раниери, спортскиот директор Рики Масара и тренерот Џанпјеро Гасперини веќе разговарале на оваа тема.
Сега, за прв пат, поранешниот капитен на Рома даде изјава, по повод неговото враќање во клубот.
„Отсекогаш сум бил навивач на Рома и за мене Рома е втор дом. Секогаш било така, без разлика дали сум во клубот или не. Задоволен сум од она што го прават, од начинот на кој се движат работите. Во последно време имаше некои гласини за мене. Вистина е, разговараме, дискутираме за некои детали и одлучуваме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја решиме оваа ситуација“, рече Тоти и додаде:
„Гасперини одлично ја врши работата. Се надеваме дека што поскоро ќе ја врати Рома во Лигата на шампионите. Вечерав со него. Разговаравме за фудбал и за сите други работи“, рече „Принцот на Рим“ во интервју за „Скај Спорт Италија“.
Според италијанските медиуми, идејата на раководството на Рома е Тоти да ја преземе улогата на технички директор на клубот.
Франческо ја помина целата своја фудбалска кариера во Рома, постигна 307 гола на 786 натпревари. Тоти со Рома ка освои Серија А во сезоната 2000/01.
Foto/ depositphotos
