Top Sport

(Видео) Суспендиран судија од „Дерби Д’Италија“

Судијата на неодамнешното „Дерби Д’Италија“ Федерико Ла Пења е суспендиран на еден месец од страна на Судиската комисија на Фудбалскиот Сојуз на Италија.

Ла Пења, според претседателот на комисијата Џанлука Роки, ја завршил својата работа многу лошо и „направил очигледна грешка“ со исклучувањето на стоперот на Јувентус, Пјер Калулу.

Прво, му покажа жолт картон на Французинот за дуел со Никола Барела, што Ломисијата го оценила „како многу лоша одлука“, а неколку минути подоцна, го исклучил Калулу поради мал контакт со Алесандро Бастони, што Комисијата на чело со Роки го оценила како „непостоечко“ и „апсурдно“.

Се вели дека Бастони добро го „продал“ прекршокот, само за да го предизвика вториот жолт картон на Калулу, што Ла Пења го направил.

Роси препорачал едномесечна суспензија, и поради лошото судење и поради заканите со смрт што Ла Пења, како адвокат, ги документирал и пријавил.

Одлуката за пауза е донесена и за да се смири судијата, кој бил потресен од навредите што ги добил во текот на саботата навечер и неделата. Многу од нив биле упатени кон неговата сопруга и двете малолетни ќерки.

Меѓу пораките Ла Пења ги издвоил: „Ќе те застрелам“, „Ќе те убијам“ и „Ќе дојдеме по тебе, знаеме каде живееш“.

Истрагата ја презеде Државното обвинителство на Рим, кое покрена постапка под водство на заменик-обвинител Серџо Колајок.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');