Top Sport

Винисисус: Расистите се кукавици, Престијани: Не го навредив

Натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, мина во сенка на нцидентот што се случи по голот на Винисиус. Прекинот траеше 10 минути, бидејќи Бразилецот одби да игра, а потоа судијата го покрена протоколот за расисам.

Во центарот на вниманието беше Винисиус Жуниор, кој, тврди дека бил жртва на расиситички напад.

Ова го потврди и Килијан Мбапе, кој го нарече Џанлука Престијани расист.

„Играчот на Бенфика со број 25, дури и не сакам да го споменам неговото име бидејќи не го заслужува тоа. Ја стави маицата преку уста за да му каже на Вини дека е „мајмун“. И тоа пет пати. Го слушнав многу добро. Таков играч не заслужува никогаш повеќе да игра во Лигата на шампионите. УЕФА има најдобри камери и сега треба да почекаме. Ова е неприфатливо. Бенфика е врвен клуб и немам ништо против нив, но на тој човек повеќе не треба да му биде дозволено да игра во Лигата на шампионите. Дали му го видовте лицето? Дали се извини? Вини и јас не сме глупави, многу добро знаеме што рече“, рече Мбапе.

Винисиус Жуниор се огласи преку соопштение на социјалните мрежи.

„Расистите се пред сè – кукавици. Тие треба да си ги покријат устите со дрес за да покажат колку се слаби. Но, тие се заштитени од оние кои, во теорија, треба да ги казнат. Ништо од она што се случи не е ново ниту за мене ниту за мојот тим. Добив жолт картон за прославата на мојот гол и сè уште не разбирам зошто. Не ми се допаѓа што ова сега е главна вест, особено по големата победа на Реал Мадрид“, рече Винисиус.

Џанлука Престијани преку Инстаграм изјави дека не го навредил расистички Винисиус.

„Сакам да разјаснам дека во ниту еден момент не упатив расистички навреди до Винисиус Жуниор, кој за жал погрешно верува дека слушнал нешто. Никогаш не сум бил расист. Жалам за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид“, рече Престијани.

УЕФА започна подетална истрага за да утврди што точно му рекол Престијани на Винисиус.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');