Јанис Адетокумбо, еден од најдобрите играчи во светот, потврди дека по завршувањето на сезоната ќе ги напушти Милвоки Бакс.
„Сега сум со Милвоки Бакс. Не зависи од мене, ако беше од мене, можеби веќе немаше да бидам тука. Ќе биде во мои раце следното лето, кога ќе бидам слободен агент.“
Адтетокумбо беше избран од Бакс во 2013 година како 15-ти пик на драфтот.
Неговиот најголем успех дојде во 2021 година, кога го предводеше Милвоки до шампионската титула во НБА. Во решавачкиот натпревар од финалето, тој постигна 50 поени и стана MВП на финалето.
Јанис е еден од најдобрите кошаркари денес, а оваа сезона бележи импресивни статистички бројки. За време на неговата НБА кариера, грчкиот репрезентативец просечно постигнува околу 24 поени по натпревар, со речиси десет скока и пет асистенции.
Неговиот процент на шут од поле е особено импресивен, надминува 55 проценти, што е исклучително за играч кој често сам создава шутеви и презема одговорност во клучните моменти.
Во тековната сезона, Адетокумбо има просек од околу 28 поени, 10 скока и повеќе од пет асистенции по натпревар. Овие бројки потврдуваат дека тој е во врвна форма и дека сè уште е еден од главните кандидати за најпрестижните индивидуални награди.
Во текот на својата кариера, Адетокумбо постави бројни лични рекорди, вклучувајќи натпревар со повеќе од 60 поени, што дополнително го зацврсти неговото место меѓу елитата на светската кошарка.
Сепак, како што стојат работите на крајот од сезоната, силниот Грк ќе смени тимот, а сигурно е дека има значителен број франшизи заинтересирани за неговите услуги.
Foto/ depositphotos
