Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, во роденденското интервју, меѓу другото, зборуваше за тоа колку долго ќе игра кошарка.
Јокиќ, денес,го слави својот 31-ви роденден, што беше повод за интервју за „ESPN“, а сè започна со прашањето како се чувствувал кога бил повреден и надвор од теренот еден месец.
„Беше интересно, никогаш не сум бил повреден досега, навикнат сум секогаш да бидам на теренот, чувствував дека ми недостига и дека пропуштам нешто. Фактот дека не ме интересира кошарката… многу ме интересира кошарката, ако не си заинтересиран, тогаш не си заинтересиран за спорт“, рече Јокиќ.
Српскиот кошаркар објасни и каков е неговиот план за остатокот од кариерата.
„Мислам дека дефинитивно ќе играм додека можам, додека играм на високо ниво, бидејќи го сакам тоа и уживам во него. Додека сум здрав и играм добро, ќе играм“, рече Јокиќ и додаде дека сега ја сака титулата по секоја цена и дека таа му е поважна од победите на неговите коњи.
„Што да изберам помеѓу овие две работи: Во моментов, титулата во НБА“, заклучи Јокиќ.
Foto/ depositphotos
