За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“.
Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77.
Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката на светот (+2,38 секунди заостанување), а бронзата ја освои Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).
Во машка конкуренција светскиот шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој патеката ја мина за 2:34.03.
Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).
Иако во поголемиот дел од трката водеа Швајцарците Арно Леита и Џон Кислер, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселме, Французинот кој лани беше сребрен на Светското првенство (+2,31 секунди заостанување).
Foto/ EPA
