Top Sport

(Видео) Зрињски остана непоразен во дуелот со Кристал Палас

Фудбалерите на Зрињски ремизираа со Кристал Палас 1:1 во Мостар, во рамките на плејофот од Конференциската лига.

Кристал Палас беше голем фаворит пред овој дуел, но не успеа да слави на стадионот „Под Бијелим Брегом“.

Кристал Палас започна добро и веќе во 12-та минута мрежата на домаќините беше затресена, но голот на Исмаила Сара беше поништен поради офсајд.

Сепак, истиот играч успеа во 44-та минута да му донесе водство на Кристал Палас.

На почетокот од второто полувреме Зрињски успеа да израмни, Карло Абрамовиќ постигна гол во 55-та минута. Кристал Палас продолжи да напаѓа, Адам Вортон ја погоди пречката во 71-та минута.

Сепак, до крајот на натпреварот, Зрињски успеа да се одбрани и да го задржи резултатот 1:1.

Реваншот на „Селхерст Парк“ во Лондон е закажан за 26 февруари во 21 часот.

Во истиот термин пд 18.45 часот, Лех го победи Купс со 2:0, со головите на Антонио Козубал и Таофик Исмахил.

Ноа успеа да го изненади АЗ Алкмар и да постигне минимална победа од 1:0, додека Сигма и Лозана одиграа 1:1.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');