Top Sport

Превирања во Барселона: Лапорта обвинет за перење пари, се огласи и клубот

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, реагираше на кривичната пријава поднесена против него од член на клубот пред Националниот суд, во која поранешниот челник е обвинет за наводно перење пари и нелегално собирање провизии.

Во интервју за Радио Каталуња, Лапорта ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи ги обид да се дискредитира пред претседателските избори на клубот.

Според тужбата, која прв ја објави весникот „Ел Периодико“, наводно постоела мрежа на компании со седиште во Шпанија, Кипар, Дубаи, Хрватска и Естонија, преку кои, како што се тврди, биле исплаќани нелегални провизии во рамките на неколку зделки склучени за време на мандатот на Лапорта.

Меѓу спорните операции се продолжувањето на договорот за спонзорство со компанијата „Најки“, како и работите за реновирање на стадионот „Камп Ноу“.

Се очекува Националниот суд наскоро да го додели случајот на еден од судиите, кој ќе одлучи дали барањето ќе биде прифатено и дали ќе биде покрената официјална истрага.

Лапорта тврди дека станува збор за организирана кампања насочена кон поткопување на неговата кандидатура.

„Долго време се обидуваат да предизвикаат штета и да го оцрнат изборниот процес и Барселона. Тие создаваат конструкција и шират приказна што не е вистинита“, рече тој.

Зборувајќи за транспарентноста на работењето на клубот, Лапорта нагласи дека постојат ограничувања кога станува збор за објавување на одредени договори. Лапорта негираше дека извршил какви било трансфери на пари во Дубаи или Кипар, но најави можност за судска постапка против оние кои, како што вели тој, клеветат.

Покрај Лапорт,а во извештајот се споменуваат и поранешни членови на неговата администрација, вклучувајќи ги Рафаел Јусте, Марија Елена Форте, Едуардо Ромеу и Феран Оливео.

Фудбалскиот клуб Барселона објави дека информациите за извештајот поднесен против претседателот Џоан Лапорта пред Националниот суд се „радикално лажни и неосновани“.

Реагирајќи на обвинувањата објавени од весникот „Ел Периодико“, клубот изјави дека на 19 јануари ги информирал новинарите и организацијата „Проект за известување за организиран криминал и корупција“ (OCCRP) дека информациите се неточни и, очигледно, се засновани на фалсификувани или сериозно манипулирани документи.

Барселона соопшти дека не исклучува покренување судска постапка против подносителот на барањето за лажно пријавување и клевета, како и против медиумите што ја објавија веста.

Клубот нагласи дека сè се случува во екот на изборниот процес и оцени дека објавувањето на вакви информации би можело да претставува обид за влијание врз регуларноста на изборите и волјата на членовите.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');