Торино загуби седум од последните десет натпревари во Серија А, па логичен е потегот на клупските челници да му врачат отказ на Марко Барони. Во неделата, Торино убедливо загуби во Џенова (3-0).
На негово место дојде Роберто д’Аверса, тпј потпиша договор до крајот на сезоната.
Д’Аверса, кој започна како играч во Милано, иако е попознат како стратег, стана познат како човекот што ја воведе Парма во Серија Б во 2017 година. Му беше дадена можност и во следната сезона, и веднаш го врати клубот во елитниот ранг на италијанскиот фудбал.
Отказ во Парма доби во летото 2020 година, но се врати во овој клуб во јануари наредната година, но не успеа да ја задржи Парма во Серија А, поради што клубот повторно му се заблагодари за соработката во летото 2021 година.
По него следеше неуспешен мандат во Сампдорија, потоа авантура во Лече кога со глава го удри Французинот Том Анри (тогашен играч на Верона), за што беше отпуштен, па го тренираше Емполи, кој исто така не успеа да се спаси испаѓање во Серија Б.
Ќе видиме дали Д’Аверса може да го спаси Торино, кој освои само 27 бода по 26 кола и ја зазема 15-та позиција на табелата.
Д’Аверса ќе дебитира на клупата на Торино против Лацио во недела, во 18 часот.
