Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Џулијано Симеоне, објасни зошто решил да го носи своето име на дресот, а не презимето.
Неговиот татко, Диего Чоло Симеоне, е легенда на Атлетико Мадрид и веќе трета сезона го тренира својот најмлад син во овој шпански клуб.
„Моите браќа и татко ми секогаш го ставаат презимето на дресот, „Симеоне“… Сепак, секогаш сакав да одам по свој пат, затоа избрав да носам „Џулијано““, објасни младиот фудбалер и додаде:
„Сакам светот да ме познава каков што сум.“
Џулијано има 23 години, тој е најмладиот и има потенцијал да стане најуспешниот од тројцата сина на Диего Симеоне. Тој е член на репрезентацијата на Аргентина (9 натпревари, 1 гол) и веројатно ќе биде учесник на претстојното Светско првенство.
Најстариот Џовани Симеоне (30) исто така има завидна кариера, играше шест пати за аргентинската репрезентација, член е на Наполи, но моментално игра на позајмица за Торино.
Играчот од средниот ред Џанлука Симеоне (27), некогаш беше надеж на Ривер Плата, но не успеа да се избори за подобра кариера. Последниот клуб за кој играше беше шпанскиот тим од пониската лига Рајо Махадахонда.
