Top Sport

Меси: Жалам што не научив англиски

Лионел Меси се присети какво било неговото пристигнување во Барселона.

Аргентинскиот волшебник зборуваше во локален подкаст за тоа како се преселил во Шпанија на 13-годишна возраст.

„Бев дете, но се сеќавам на сè. Имав пријатели, моето училиште, сè беше во Росарио. Но, бев и среќен, возбуден и едвај чекав да дојдам во Барселона. Се сеќавам, целото соседство излезе да нè испрати кога заминувавме. Сите дојдоа на аеродромот. Беше импресивно. Како некои сцени од филм. Не дојдоа да се збогуваат со Лео Меси, туку да го испратат семејството Меси на пат кон Барселона“, рече тој.

Аргентинецот зборуваше и за своите почетоци во Барса.

„Завршив училиште во Шпанија. Четири години средно училиште во Барселона, како и другите деца од Ла Масија. Што се однесува до фудбалот, првата година беше тешка за мене, бидејќи не можев да играм шест месеци додека не заврши трансферот. А, во првиот натпревар, ја повредив тибијата и морав да одмарам уште три месеци. Таа прва година траеше, но следната не, штом почнав да играм за вториот тим. Потоа сè започна брзо.“

Иако тој освои сè што може да се освои во својата фудбалска кариера, има работи за кои Меси жали.

„Жалам што не научив англиски кога бев дете и кога имав време за тоа. Затоа денес им велам на моите деца да го искористат времето што го имаат. Особено ми е жал што ја пропуштив можноста да разговарам со многу познати луѓе поради јазикот. Кога си дете, не разбираш некои работи“, рече Меси.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');