Top Sport

(Видео) Залудни 40-те поени на Дончиќ, О’Нил им пресуди на Лејкерси

Феникс Санс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 113:110 во драматична завршница, а херој на натпреварот беше Ројс О’Нил, кој погоди тројка на 0,9 секунди до крајот.

Феникс испуштија двоцифрена предност во финишот, но на крајот сепак дојдоа до значајна победа во борбата за плејофот.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Ален со 28 поени, од кои 16 постигна во третата четвртина, погодувајќи четири тројки. Гилеспи го заврши натпреварот со 21 поен, вклучувајќи четири тројки во последниот период. Феникс погоди вкупно 22 тројки од 50 обиди (44 проценти).

На спротивната страна страна, Лука Дончиќ беше одличен со 41 поен, осум скока и осум асистенции.

Феникс стигна до победата ослабен, без водечките стрелци во тимот – Девин Букер (повреда на колкот) и Дилон Брукс (скршена рака). Двајцата постигнуваат во просек околу 45 поени по натпревар, па овој триумф е уште позначаен за тимот од Аризона.

Синоќа, учинокот на Дончиќ беше надминат од Садик Беј, кој постигна 42 поени во победата над Јута од 129:118. Тоа е негов втор најдобар учинок откако постигна 51 во 2022 година.

Наџи Маршал исто така имаше одлична вечер со 36 поени и 10 скока во поразот на Далас од Сакраменто (130:121).

Брендон Милер и Кори Кисперт постигнаа по 33 поени во победите на Шарлот и Атланта, над Индијана (133:109) и Вашингтон (126:96).

НБА резултати:

Индијана – Шарлот 109:133
Филаделфија – Мајами 124:117
Атланта – Вашингтон 126:96
Бруклин – Сан Антонио 110:126
Орландо – Хјустон 108:113
Чикаго – Портланд 112:121
Далас – Сакраменто 121:130
Феникс – ЛА Лејкерс 113:110
Јута – Њу Орлеанс 118:129
ЛА Клиперс – Минесота 88:94

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');