Top Sport

Ѓоковиќ во ЛА ги гледаше Дончиќ и Леброн

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, беше во центарот на вниманието на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто, кој тимот од Градот на Ангелите го доби убедливо со 128:104.

Српскиот ас го следеше овој дуел од првиот ред, а неговото доаѓање беше главната вест од овој натпревар.

По натпреварот, сопственикот на 24 Гренд Слем титули топло го поздрави и се збогува со Лука Дончиќ, а разговараше и со Леброн Џејмс, еден од најголемите играчи во историјата.

Новак е познат како голем љубител на кошарката, а пред нешто повеќе од 18 месеци, го следеше дуелот помеѓу Лејкерс и Денвер Нагетс на истото место, кога се сретна со Јокиќ и Владе Дивац.

Ѓоковиќ е во Калифорнија каде што се подготвува за турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс, кој започнува во среда, 4 март. Ждрепката за популарниот „петти Гренд Слем“ е закажана за ноќта помеѓу понеделник и вторник.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');