Највлијателниот германски медиуми „Билд“, јавно побара исклучување на дефанзивецот на Реал, Антонио Рудигер, од репрезентацијата. Причината е бруталниот старт против играчот на Хетафе, Диего Рико.
Антонио Рудигер се најде на мета на жесток напад во Германија по бруталниот старт врз, Диего Рико. Дефанзивецот на Реал го удри во главата со коленото додека лежеше на земја.
Рико, по мечот изјави дека Ридигер со намера го удрил.
How did Rudiger get away with this? 😳 pic.twitter.com/2HlLiuNwUn
— Footy Flix (@FootyFlixx) March 3, 2026
„Ридигер не може да патува на Светското првенство. Ова не беше сериозен прекршок, ова беше напад“, вели „Билд“ и продолжува: „Тој не знае како да се контролира. Ова беше прекршок што ги остави сите без зборови. Ова е однесување кое ги крши основните правила на спортот, а тој го прави тоа постојано. Тоа повеќе не е прифатливо“.
„Не ни треба во тимот, имаме солидна одбрана со Шлотербек и Тах. Некој што постојано ги губи нервите не треба да оди на Светското првенство“, вели „Билд“.
Поранешниот судија Итуралде Гонзалез вели дека дефанзивецот на Реал Мадрид требало да добие црвен картон.
„Ова е црвен картон. Ја погледнав снимката и ова дефинитивно е црвен картон“, рече Гонзалез, додавајќи:
„Едно е ако одиш по топката, а друго ова што го направи Ридигер. Рико ја крена главата и тој го удри. Ова е насилно однесување и напад. ВАР требаше да реагира.“
Антонио Ридигер е член на националниот тим 12 години и одиграл 81 натпревар. Претходно ги поминал сите младински категории.
Foto/ depositphotos
