Top Sport

Бурно во Сплит – Кариљо доби отказ, претседателот навива за Динамо?

Очекувано, Шпанецот Хуан Кариљо доби отказ на позицијата тренер на Хајдук, откако сплитскиот тим во сабота доживеа вистински дебакл – водеше со 2:0 и загуби со 2:3 од аутсајдерот Рудеш на „Пољуд“.

Претседателот на Хајдук, Иван Кос објави дека спортскиот директор Марио Бранко останува на својата позиција, а преоден тренер ќе биде Вик Лалиќ, досегашниот помошник на Кариљо.

„Не се сложувам дека оваа сезона е загубена. Навивачите имаат право да го кажат својот став, бидејќи во 2011 година го спасија клубот од стечај и го сакаат тимот. Во тимот во кој се ко-сопственици имаат целосно право“, изјави претседателот Кос.

Тој мораше да одговара на обвиненијата дека цел свој живот навивал за Динамо Загреб, најлутиот ривал на Хајдук.

„Никогаш не сум навивал за Динамо, тоа се инсинуации и флоскули. Хајдук е во моето срце“, додава Кос.

Страв и терор во Сплит – навивачите контра Хајдук

Scroll to Top