Фудбалерите на Наполи го совладаа Торино со 2:1, во првиот натпревар од 28-то коло во Серија А. Вториот гол за Наполитанците го постигна македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Наполи успеа да врзе две победи во Серија А и да се зацврсти на третото место на табелата.
Победата над Торино, екипа која е во ужасна форма, ја најави позајмениот играч на Спортинг Лисабон, Алисон Сантос во седмата минута. За Сантос ова е втор гол во дресот на Наполи.
Овој резултат беше активен до 68-та минута, кога Елмас со волеј го совлада Палеари.
До крајот на натпреварот Торино успеа да го ублажи поразот со голот на Касадеи.
Foto/ depositphotos
