Фудбалерите на Динамо Загреб го победија Хајдук со 3:1 како гости во најголемото дерби во хрватскиот фудбал и направија гигантски чекор кон шампионската титула.
Клубот од Сплит сега заостануваат десет бода зад „Сините“ и како што стојат работите и оваа сезона ќе останат без најважниот трофеј што го чекаат 21 година!
Гостите ги постигнаа сите три гола пред 31.000 навивачи, во преполниот Пољуд, во првото полувреме и веќе тогаш го решија прашањето за победникот, иако и Хајдук ја намали разликата во тој период од натпреварот.
Стрелци за Динамо беа Миха Зајц во 7-та минута, Габриел Видовиќ во 11-та и Монсфер Бакрар во 38-та.
Почесниот гол за сплитчани го постигна Американецот Рокаш Пукштас во 28-та минута.
Ова беше трето дерби помеѓу Хајдук и Динамо оваа сезона и втора победа на најтрофејниот хрватски клуб.
