Top Sport

(Видео) Неверојатен кам-бек на Валенсија, победи со гол 99-та минута

Валенсија, со Столе Димитиревски на голот, забележа драматична победа над Алавес (3:2), во последниот меч од неделата програма во Примера. Алавес два пати имаше предност на „Месталја“, Валенсија изедначи во 90-та, а победи со гол од пенал во 99-ѕа минута.

Валенсија забележа победа која ќе внесе малку мир во екипата. Клубот од „Месталја“ сега има седум бодови повеќе од Мајорка, која се наоѓа во опсната зона. Алавес е во лоша ситуација, има само два бода повеќе од Мајорка.

Мечот започна идеално за Алавес, Лукас Боје погоди во третата минута од пенал. Валенсија изедначи преку Хави Гера, веднаш на почетокот на вториот дел. Боје со својот втор гол, во 71-та минута му ја врати предноста на Алваес.

Резултатот 1:2 стоеше на семадорот до 90-та минута, кога се случи хаотичниот финиш. Дефанзивецот Чомерт изедначи во 90-та минута, а во 97-та Валенсија доби пенал. Пачеко поради стартот го доби вториот жолт картон, а веднаш по него исклучен беше и Гевара, поради жестоки протести.

Пеналот во 99-та минута го изведе Уго Дуро. Напаѓачот победи за големи три бода на клубот од „Месталја“.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');