Фудбалскиот клуб Партизан по само два натпревари го отпушти тренерот Дамир Чакар. Под негово водство, Партизан загуби дома од ОФК Белград (1:2) и вчера во Нови Сад од Војводина (3:0).
Управниот одбор на Партизан, претпладнево одржа вонредна седница, му врачи отказ на Чакар и го врати на функцијата Срѓан Благојевиќ.
Партизан реши да му се заблагодари на Благојевиќ на 1 ноември минатата година по поразот во првенството од Чукарички со 4:1. Претходно, тој беше елиминиран од Мачва во Купот на Србија. Отказот, тогаш ја изненади српската спортска јавност, бидејќи Партизан беше лидер на табелата.
Него го наследи Ненад Стојаковиќ, кој беше заменет по поразот од 3:0 во „вечното дерби“ пред две недели.
Со Стојаковиќ и Чакар, Партизан ја загуби предноста на табелата. Во последното коло од есенскиот дел на сезоната, црно-белите влегоа со четири бода предност пред Црвена звезда, а сега имаат 10 поени помалку од вечниот ривал.
Foto/ Srdjan Stevanovic/Starsport.rs
