Фудбалската репрезентација на Австрија доби дозвола од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за поранешните младински репрезентативци на Англија и Германија да играат во тимот за претстојното Светско првенство.
Станува збор за крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Карни Чуквуемека (22) и играчот од средниот ред на ПСВ, Пол Ванер (20), двајцата родени во Австрија.
Австрија, предводена од тренерот Ралф Рангник, е во група на Светското првенство со актуелните светски шампиони Аргентина, како и со Алжир и Јордан.
Чуквуемека претходно играше за Астон Вила и Челзи пред да се пресели во Дортмунд, додека Ванер дојде преку академијата на Баерн Минхен замина на позајмица во Хајденхајм. Во август минатата година, тој се пресели во ПСВ и го доби дресот со број 10.
Австрија ќе учествува на Светското првенство за прв пат од 1998 година. Тимот го отвора натпреварувањето против Јордан на 16 јуни, потоа игра против Аргентина, а во последниот натпревар од групата против Алжир.
Чуквуемека и Ванер ќе бидат достапни за прв пат за пријателските натпревари овој месец кога Австрија ќе ги пречека Гана и Јужна Кореја.
Foto/ /depositphotos
