Флорентино Перез ќе разговара со своите директори околу ситуацијата во Реал Мадрид во текот на вечерта, и уште утре ќе го отпушти Хулен Лопетеги за на негово место да го донесе Антонио Конте, јавува секогаш добро информираната околу работите за „кралскиот клуб“, „Марка“.
Поразот од 5:1 од Барселона на „Ноу Камп“ ставила печат на кариерата на Лопетеги како тренер на Реал, а ако уште утре Конте не може да пристигне во Шпанија, Сантијаго Солари ќе биде привремен тренер на првиот тим за мечот во среда од Копа дел Реј против Мелиља.
??? EXCLUSIVA MARCA | Antonio Conte, en camino https://t.co/u9pEXwKat5 Informa @jfelixdiaz pic.twitter.com/F35BXVjdc3
— MARCA (@marca) October 28, 2018
Конте неодамна ги реши проблемите и недоразбирањата со својот поранешен клуб Челси, кој го ослободи да премине во друг клуб без финансиска отштета. Конте ќе се обиде да освои титула и во Шпанија откако тоа му успеа со Челси во Англија и со Јувентус во Италија.
Според „Марка“, Перез веднаш заминал од „Ноу Камп“ без да разговара со фудбалерите и со тренерот, но јасно е дека целосно се загубила довербата во Баскиецот иако играчите застанаа на негова страна. Очигледно загубата на Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан го направи своето кај „Лос бланкос“.
Ел Класико во знакот на Луис Суарез! Пукна „петарда“ на „Ноу Камп“ (галерија+видео)